A pioneer in healthcare

CAMPARI

Campari е современ и харизматичен класик, чив рецепт останал неизменет низ годините. Креацијата на Кампари е резултат на талентот на Gaspare Campari, мастер креатор на пијалоци и основач на компанијата. Неговите експерименти во измислување на нови пијалоци во Новара, во 1860, резултираше со рецепт кој денеска сеуште е таен, и е познат единствено на неколкуте луѓе кои се одговорни во производниот процес.
Кампари е алкохолен дестилат добиен од инфузија на горки тревки, ароматични растенија и овошја соединети во алкохол и вода. Многумина се обиделе да го погодат точниот број на состојки: некои велат 20 или 60, но други велат дури 80. До овој ден, алкохол и вода се единствените познати состојки од овој специјален и таен рецепт. Има вибрантна црвена боја, интензивна арома и исклучителен горчлив вкус, кој го прави екстремно разноврсен и одлична база за многу познати коктели околу светот.